Search

Тасевска: СДСМ поднесе измени на Законот за игри на среќа за повеќе пари за македонско културно наследство

Пратениците од СДСМ поднесоа Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри. Нашат цел e со овие измени дел од парите кои се влеваат во државниот буџет преку игрите на среќа да се наменат за зачувување на нашето домашно, македонско културно наследство, порача на денешната прес-конференција Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ и додаде: -На овој начин ќе се обезбедуваме соодветно зачувување на културното наследство во неговата автентична и интегрална форма. Создавањето  нов кадар за заштита на културното наследство  и континуираната едукација  на постојниот кадар во заштитата, нужно упатува на потребата  од дополнителни финансиски средства со кои ќе се стипендираат кадри на сите три циклуси во образовниот процес.

Ова е влог во човечкиот капитал и влог во чување и промоција на она што ни е дадно од минатото, односно она што мораме да го предадеме да и на следните генерации.

Со Предлогот на законот за именување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри предлагаме членот 16 од Законот да се измени.

Да се овозможи средствата остварени по сите основи од приредувањето на игрите на среќа и на забавните игри да се користат и за јавните установи за заштита на културното наследство преку Министерството за култура и за степендирање на дефицитарни кадри во заштитата на културното наследство преку Министерството за образование и наука.

Износот се определува на 50% од вкупниот приход од игрите на среќа и забавните игри утврден во претходната календарска година, но не помалку од 60 милиони денари и не повеќе од 120 милиони денари.

Бараме поддршка од сите пратеници за донесување на на овие измени на Законот затоа што придобивките се големи:

-ќе се надмине проблемот со кадровска дефицитарност на стручниот кадар во заштитата на културното наследство,

-ќе се создадат стручни кадари кои ќе бидат подготвени  да ги спроведат сложените постапки на непосредна заштита на културното наследсво, согласно највисоките меѓународни стандарди,

-ќе се зголеми бројот на заштитени културни добра, ќе се унапреди заштитата, управувањето и одржливото користење на културното наследство,

-ќе се придонесе кон зачувување на културното наследство како моќен ресурс за развој на целокупното општество како и за промоција на европските фундаментални вредности и двигател на економскиот и туристичкиот развој.

Треба да знаете
Последни објави