Search

Поради протестите денеска во Скопје има посебен режим на сообраќај

Во Скопје денеска ќе се одржат повеќе протести, пред Собранието на вработени во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и  Канцеларијата на Народниот правобранител, а пред Министерството за здравство на членството на Независниот синдикат на здравствените работници. Протестите се продолжение на испорачаните барања за зголемување на платите. 

Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14 и 30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека очекува решение за барањата на синдикатите, и не очекува целосна блокада на институциите по најавите дека доколку надлежните останат глуви на нивните барања, тие ќе запрат со работа. За зголемените плати на функционерите по кои тргнаа барањата за покачување на платите во јавната администарација Ковачевски рече дека работната група сè уште нема излезено со предлог како тие да се намалат.

Треба да знаете
Последни објави