Министерката за надворешни работи на Белгија, Лахбиб денеска во Косово

Министерката за надворешни работи, европски прашања, надворешна трговија и сојузни институции на Белгија, Хаџа Лахбиб се очекува да допатува денеска во официјална посета на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на косовското МНР се наведува дека Лахбиб ќе биде пречекана од вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Шварц Грвала.

Шефиците на дипломатиите на двете земји ќе имаат билатерална средба во косовското МНР, по што ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави