Ѓоковиќ посакува крај на годината со трофејот во Дејвис купот

Иако е во својата 37 година од животот, светскиот тениски рекет беој 1, Србионот Новак Ѓоковиќ  доминира во „белиот спорт“. Задсебе има уште една трофејна сезона со освоени титули на три од четирите сезонски гред-слем турнири „Австралија опен“, „Ролан Гарос“ и „УС Опен“, а на четвртиоит, неофицијалното светско првенство Вимблдон беше поразен во финалето од тенисерот кој е во налет да го запоседне врвот Шпанецот Карлос Алкараз. Ѓоковиќ во кариерата има освоно рекордни 24 гренд-слем титули, две повеќе од Шпанецот Рафаел Надал, које е повреден и неизвесно е неговото враѓање на терените и четири повеќе од Швајцарецот Рожер Федерер кој замина во „пензија“, во трката за епитетот најдобар тенисер во историјата на овој спорт.

Од неодамна Ѓоковиќ рекордна 400-та недела е светски рекет број еден на АТП листата. Во неделата својата доминантна улога ја ја круниса со рекордната седма титула на завршниот сезонски Мастерс во Торино.

Да ја заврши годината посакува и триумф до Дејвис купот со репрезентацијата на Србија на турнирот во Малага. Србија досега ја има освоена титулата еднаш во 2010 година.

Целта во следната сезона – 2024 година на Ѓоковиќ е да ги освои сите четири гренд-слем турнир, како и злато на Олимписките игри во Париз кое му недостасува во неговата богата ризница со одличја. Ѓоковиќ има освоено бронза на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.

Треба да знаете
Последни објави