Search

Израел и Хамас прифатија примирје кое стапува во сила утре во 10 часот

Израел и Хамас постигнаа договор за четир-дневен хуманитарен прекин на огнот, со посредство на Катар и Египет. Вонеиот конфликт почна на 7 октомври, со нападот на Плаестинците, а по 47 дена војна загинаа над 15.000 лица на двете страни.

Периодот на примирје ќе се искорсити за ослободување на дел од заложниците. Целата операција треба да почне од утре. Официјалниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, во интервју за „Ал џезира“ изјави дека привременото примирје меѓу терористичката група и Израел ќе стапи во сила утре во 10 часот. Плаестинската воена организација објави дека договорот опфаќа ослободување на 50 цивили жени и деца, помлади од 19 години, кои моментално се држат во Појасот Газа во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца на возраст под 19 години од израелските затвори според времето што го поминале во затвор …

За време на периодот на прекин на огнот, Израел се обврзува дека нема да апси никого во сите области на Појасот Газа. Загарантирано е слободно движење на луѓето од север кон југ.

Ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза.

Договорот ќе овозможи стотици камиони со хуманитарна помош, медицинска опрема и гориво да влезат во сите делови на Појасот Газа.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави хуманитарниот договор меѓу Хамас и Израел во Појасот Газа и повика на пошироко решение кое ќе има меѓународен легитимитет.

Американскиот претседател Бајден истакна дека со овој чекор израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху обезбедил поголема хуманитарна помош да стигне до Газа. Првиот човек на САД вели дека договорот ќе ги олесни страдањата на невините палестински семејства во Газа.

Треба да знаете
Последни објави