Search

(Документ) Дали инаетот на УО на ЈП Водовод и советниците од ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје ќе ги остават скопјани без вода?

„Снаоѓајте се. Од 28 ноември нема да ви бидат продолжени договорите за вработување“. Вака накратко би гласело писмото кое го добиле вработените од ЈП Водовод и канализација Скопје од страна на менаџментот. Претпријатието нема пари за да исплаќа плати на времено вработените, а агенцијата преку која се ангажирани го потрошила буџетот.

Инаетот на ВМРО ДПМНЕ и советниците од оваа партија во градот Скопје и членовите на УО кои се именувани од истиот совет, а сè со поддршка од ВМРО ДПМНЕ, кои ѝ го водат на градоначалничката Данела Арсовска ќе остави на улица 60 вработени, а скопјани би можеле да останаат и без вода за пиење?

Членовите на УО ги отфрлаат барањата на секторските директори кои алармираат, а советниците од ВМРО ДПМНЕ не сакаат да го донесат планот за вработување во претпријатието.

Според информациите од дел од раководните структури во претпријатието, скопјани не треба да се грижат. Вода за пиење ќе има.

Пред повеќе од две недели СУТКОЗ испратил писмо и до директорот и до првиот човек на управниот одбор во кое нотира дека работниците се преоптоварени оти недостасува стручен кадар. Уште тогаш синдикатот побарал привремените работници да се вработат на неопределено ако се совесни и професионални.

„Toa би се одразило на нормалното функционирање и извршување на секојдневните работни задачи во претпријатието што доведува до преоптовареност на постојните извршители, неможност за навремено извршување на работните задачи и санација на дефектите на водоводната мрежа на територија на град Скопје. Бараме до крај на 2023 и следната 2024 година да се ангажираат поголем број работници со цел да се релаксира недостатокот на технички персонал“ рече тогаш Столе Кашиковски, претседател на СУТКОЗ

Дека многу нешта во функционирањето на Градот, зависи од ВМРО-ДПМНЕ, вчера потвдри и Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ во интервју за „Макфакс“.

„Доаѓаме сега за тоа што го зборувам цело време а тоа е концептот за Модерно Скопје. Не зависи тој концепт сега во моментот само од Данела, туку зависи и од политичките партии кои се дел од Советот каде што мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Мицкоски.

Дознаваме дека за утре е закажана седница на УО на претпријатието, а според неофицијални информации се очекува и седница на Советот на градот каде ќе треба да се разговара за овој проблем. Според нашите информации, се очекува проблемот да биде надминат пред први декември.

Игор Мицкоски

Треба да знаете
Последни објави