Search

ИРЦ: „Газа сега е најсмртоносната воена зона во светот за цивилите“

Газа сега е „најсмртоносната воена зона во светот за цивилите“, соопшти Меѓународниот комитет за спасување.

Организацијата вели дека над 11.000 луѓе се убиени во Газа за шест недели, од кои 40% се деца. Според здравствените власти во Газа, бројот на загинати таму надмина 14.000, вклучувајќи над 5.000 деца, повеќе од 3.000 жени и 201 медицински персонал.

„Ова е двојно повеќе од бројот на убиени луѓе во истиот период во Украина, Судан и Сирија заедно“, се вели во соопштението на ИРЦ. Газа е погусто населена од Украина, Судан и Сирија, со над 2 милиони луѓе кои живеат на околу 3.600 квадратни метри.

Начинот на кој се води конфликтот е неприфатлив од хуманитарен аспект“, велат од ИРЦ. „Цивилите го носат најголемиот товар’.

Треба да знаете
Последни објави