Search

(ФОТО) Сообраќајна несреќа во Аеродром еден автомобил превртен

Сообраќајна несреќа се случи пред малку во населбата Аеродром на улицата Васко Карангелески.

Автомобил Рено меган удрило во сив патнички автомобил кој по ударот се превртел.

На местото е и амбулантно возило кое дошло по повредените лица во сударот.

Оваа улица беше неодамна реконструирана, а дел од неа е црна точка каде веќе се имаат случено неколку судари на оваа сообраќајница.

Треба да знаете
Последни објави