Search

СДСМ: Молк на Мицкоски и ДПМНЕ за тоа на чија сметка крстари Пецаков, градоначалникот на Охрид

Интегрален текст од прес-конференција на Лазе Таневски, пратеник од СДСМ:

Градоначалниците на ДПМНЕ, за 2 години имаат НУЛА резултати, но еден куп скандали.

Последен е скандалот со егзотичното патување на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, од ДПМНЕ.

Додека Охрид тоне секој ден, Пецаков плови на егзотично крстарење заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет.

Нема одговор колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстари Пецаков?

Молчи ДПМНЕ, молчи Мицкоски.

Молкот значи одобрување од страна на Мицкоски.

Уште еднаш се потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија којашто 11 години исто вака скандалозно се однесуваше.

Треба да знаете
Последни објави