Search

Саутгејт: Македонија ќе сака да си ја врати гордоста која ја загуби во Манчестер!

Англиската фудбалска експедиција пристигнаа во Скопје. Селекторот на „Гордиот Албион“ Герет Саутгејт одржа прес-конференција на која ги искажа своите очекувања за утрешнито (20.45 ч.) натпревар против Македонија. Саутгејт кажа дека неговта репрезентација има решенија за отсуството на Трипие, кој во последен миг го откажа патувањето во Скопје.

Според Саутгејт утрешниот меч за Македонија ќе биде обид за да си ја врати гордоста која ѝ беше повредена по оние 7:0 на „Олд Трафорд“. Овој пораз беше највисок во историјата на мак-репрезентацијата.

-Ние сакаме овој натпревар да го искористиме за да го склопиме тимот кој ќе игра на Европското првенство. Сите играчи мора да се свени дека конкуренцијата е голема. Не бевме на потребното ниво со Малта, утре сакаме да го промениме тоа и да ја вратиме нашата игра. Очекувам добар натпревар, полн стадион и одлична атмосфера, порача Саутгејт.

Треба да знаете
Последни објави