Search

По само десет минути, „SpaceX“ на Маск изгуби контакт со најголемата и најмоќната ракета

Се претпоставува дека беспилотното летало „Starship“, кое претходно денеска беше лансирано од компанијата „SpaceX“, не успеа да ја исполни својата мисија неколку минути по полетувањето.

Ракетата на компанијата во сопственост на Илон Маск беше лансирана од платформа во близина на Бока Чика, Тексас, по што полета на околу 90 километри над површината на земјата.

На почетокот изгледаше дека сè оди според планот, но десет минути по лансирањето компанијата објави дека изгубила контакт со леталото.

„Ги загубивме податоците од втората етапа… Мислам дека ја загубивме втората етапа“, рече водителот на SpaceX во живо, Џон Инсприкер.

Ова е втор обид за лансирање на „Starship“ со помош на ракетниот засилувач „Super Heavy“, откако и првиот обид во април заврши неуспешен.

Главната цел на пробниот лет беше да се подигне „Ѕвездениот брод“ од земјата и да полета во вселената, недалеку од орбитата на Земјата.

Тоа би означило клучен чекор кон амбицијата на SpaceX да произведе големо, повеќенаменско вселенско летало способно да носи луѓе и товар на Месечината, а подоцна и на Марс.

НАСА, која е главен купувач на ракетите SpaceX, има значителен удел во успехот на вселенскиот брод, за кој американската вселенска агенција очекува дека ќе има централна улога во нејзината програма за вселенски летови, Артемида, која ќе ја наследи познатата мисија Аполо.

SpaceX имаше за цел да го испрати вселенското летало на височина од 150 милји (240 километри) пред да слета во Тихиот Океан во близина на Хаваи, околу час и половина по полетувањето, објави АП.

„Starship“ е најголемата и најмоќната ракета некогаш направена.

Нејзиниот прв лет во април траел само четири минути, а остатоците од авионот паднале во морето.

Оттогаш, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск направи десетици подобрувања на ракетата и нејзините 33 мотори, како и на платформата за лансирање, пренесува RT Balkan.

Треба да знаете
Последни објави