Search

Саем „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград

Над 600 изложувачи од повеќе од 28 земји меѓу кои и 74 македонски ќе се претстават на меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем.

Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се од земјите членки на Отворен Балкан. Покрај нашите 74 претставници ќе има 260 од Србија и 21 од Албанија. 

Првиот саемски ден ќе биде од затворен карактер за професионални купувачи и високи личности. Меѓу нив ќе има и претседатели, премиери и луѓе од владите на земјите од Отворен Балкан и на други земји кои ќе ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ. За утре вечер е закажана „Македонска вечер“ на која ќе бидат презентирани наши производи.

Минатата година на првото издание на саемот „Винска визија Отворен Балкан“  имаше 400 производители на вино и храна од над 22 земји, меѓу кои и 42 винарии од земјава, како и „Македонска вечер“ на која покрај лидерите од регионот беа присутни и голем број бизнисмени.

Саемот се одржува под покровителство на владите на Албанија, Србија и Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави