Search

Шутаров: Локалната власт на ДПМНЕ во Скопје го уништи ЈСП

За две години локалната власт на ДПМНЕ во Градот Скопје буквално го уништи јавниот градски превоз и создаде хаос во јавниот транспорт. Граѓаните кои во огромен број го користат јавниот превоз секој ден, мака мачат да стигнат на работа, на училиште, на факултет, на пазар.
Дури се случи и тоа да за прв пат во историјата Скопје да остане без јавен превоз, соопшти на денешната прес-конференција Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје и додаде:
-ДПМНЕ го уништи ЈСП Скопје а две години, само заради политички хирови го блокираше проектот за нов и еколошки јавен транспорт БРТ.
ЈСП Скопје се дави во долгови, не може да подели плата и не може да функционира.  
ДПМНЕ го создаде хаосот во ЈСП а советниците од оваа партија, кои го имаат мнозинство во Советот и се власт, не ја поддржаа одлуката за субвенционирање на ЈСП на вчерашната седница. Политичките интереси на Мицкоски и ДПМНЕ секогаш се пред интересот на граѓаните, пред интересот и потребите на скопјани.
СДСМ иако е опозицијата во советот на градот Скопје секогаш е на страната на граѓаните, го штити интересот на скопјани.
ДПМНЕ на вчерашната седница на Советот на Град Скопје направи обид повторно да го блокира функционирањето на јавниот превоз.ДПМНЕ  го уништи ЈСП, а советничката група на  СДСМ и коалицијата заедно со останатите свесни и одговорни советници успеавме да го спасиме ЈСП од нови блокади.
Со доделените субвенции возачите во ЈСП ќе може да земат плата, да се сервисираат долгови а тоа во овој момент е најважно за граѓаните да имаат каков таков јавен превоз.
ДПМНЕ да не го кочеше проектот за БРТ немаше денеска да зборуваме за дополнителни субвенции катаклизми и хаос во јавниот превоз . БРТ е спас за јавниот превоз во Скопје.
Затоа, единствено решение е целосна и брза реализација на проектот за нов концепт на јавен превоз во Скопје, БРТ, за кој има средства од 70 милиони евра, проект поддржан од ЕБОР. СДСМ ќе продолжи да делува одговорно во Советот на Град Скопје и ќе направи се што е потребно да ги заштити интересите на граѓаните на Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави