Search

Францускиот суд издаде налог за апсење на Башар ал Асад

Францускиот суд денеска издаде налог за апсење на сирискиот претседател Башар ал Асад, под обвинение за употреба на хемиско оружје во 2013 година, пренесе АФП, повикувајќи се на неименувани извори.

Во извештајот се наведува дека во врска со наводната употреба на хемиско оружје, издадени се налози за апсење на братот на Асад, Махер Асад, кој е командант на сириската републиканска гарда, и на уште двајца генерали чии имиња не се објавени, пренесе ТАСС.

Сите четворица беа обвинети за злосторства против човештвото и соучесништво во воени злосторства.

Дамаск се уште не го коментирал издавањето на налогот за апсење на сирискиот претседател Асад.

Треба да знаете
Последни објави