Search

УНИЦЕФ: Апсолутно е неопходна испорака на гориво до опколените територии во Појасот Газа

Извршната директорка на УНИЦЕФ Кетрин Расел денеска изјави дека е „апсолутно неопходно“ да се испорача гориво до опколените територии во Појасот Газа.

 – Ја посетив болницата во Кан Јунис и таму работат инкубаторите, но секако лекарите размислуваат што ќе се случи кога ќе немаат електрична енергија.

Ни треба гориво и за нашите возила за да можеме ние и другите хуманитарни организации да се движиме наоколу и да им пружаме услуги на луѓето, наведе Расел.

 Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа со палестинските бегалци (УНРВА) претходно соопшти дека примиле околу 23 000 литри гориво, но дека израелската армија го ограничила неговото користење.

Треба да знаете
Последни објави