Search

ЕУ: Борел од 16 до 20 ноември ги посети Блискиот Исток и земјите од Заливот

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, од 16 до 20 ноември ќе ги посети Израел, Палестина, Бахреин, Саудиска Арабија, Катар и Јордан, соопшти ЕУ. Посетата ќе се одржи во контекст на војната против Хамас и продлабочувањето на хуманитарната криза во Газа, по терористичките напади на Хамас врз Израел на 7 октомври и во контекст на регионалниот пристап на ЕУ.

Високиот претставник на ЕУ утре ќе престојува во Израел, каде што ќе се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог, министерот без ресор Бени Ганц, министерот за надворешни работи Ели Коен, лидерот на опозицијата Јаир Лапид и други официјални претставници.

Тој ќе ја посети и заедницата во јужниот дел на Израел, која претрпе терористички напад на 7 октомври. За време на престојот, Бореl ќе се сретне и со преживеаните од нападите на Хамас и со семејствата на заложниците, кои се уште се во Газа. За време на посетата, Борељ ќе разговара со претставници на ОН, вклучително и специјалниот координатор Торо Венесланд, вршителот на должноста директор на Агенцијата за помош на палестинските бегалци Натали Букли и специјалната претставничка на УНИЦЕФ Лусија Елми. Високиот претставник на ЕУ во петок ќе се сретне со поборниците за мир. Потоа ќе отпатува за Рамала и ќе размени мислења со членовите на палестинското граѓанско општество.

Попладне тој ќе има серија средби со палестинските лидери: претседателот Махмуд Абас, премиерот Мохамед Штаје и министерот за надворешни работи Ријад ал-Малки. За време на викендот Борељ ќе ги посети Бахреин, Саудиска Арабија и Катар, а во понеделник на 20 ноември Јордан.

Треба да знаете
Последни објави