Search

Петмина Палестинци загинаа во судири со израелската армија во северниот дел на Западниот Брег

Петмина Палестинци загинаа во судирите со израелската армија во секторот Тулкарем на северот на Западниот Брег – двајца од Палестинците биле смртно застрелани, а другите тројца загинале во напад со беспилотно летало.

Убиените се мажи на возраст меѓу 21 и 29 години. Тие беа убиени за време на операција на израелската армија во Тулкарем, изјави Амин Хадер, директор на болницата Табет.

Палестинското Министерство за здравство синоќа објави дека 14 лица се убиени во Џенин, на Западниот Брег, во напад на израелските сили – најсмртоносен на таа територија од 2005 година.

Израелската војска соопшти дека тие операции се одговор на значителното зголемување на терористичките акти на Западниот Брег од почетокот на војната со Хамас во Појасот Газа.

Оттогаш имало над 550 обиди за напади. Од почетокот на војната, околу 180 Палестинци се убиени на Западниот Брег од војската или од еврејски доселеници, според Министерството за здравство на Хамас.

Треба да знаете
Последни објави