Search

Израел испраќа инкубатори за бебиња во Газа

Израелската војска соопшти дека е во процес на координирање на трансферот на инкубатори од болница во Израел во Газа.

Заедно со соопштение објавено на социјалните мрежи, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија слика на војник како истоварува инкубатор од комбе на паркинг. Не е прецизирано каде е направена фотографијата.

Веста доаѓа по најновите предупредувања од палестинските здравствени работници дека новородените бебиња страдаат поради недостаток на залихи во болниците во Газа – особено електрична енергија, без која не може да работи одредена опрема, пред се инкубатори.

Светската здравствена организација објави дека најголемата болница во градот Газа, „Ал-Шифа“, престанала да функционира и дека ситуацијата внатре во здравствената установа е страшна и опасна.

Портпаролот на израелските сили Даниел Хагари рече дека Израел ќе помогне да се евакуираат бебињата во „побезбедна болница“, иако не е јасно дали инкубаторите ќе бидат испратени во „Ал-Шифа“.

Медицинскиот персонал рече дека е потребна софистицирана опрема за безбедно преместување на бебињата.

Треба да знаете
Последни објави