Search

Арсовска кон советниците од ВМРО-ДПМНЕ: И вие ветувавте 250 автобуси, вие сте власт во Градот, имате 500 членови во управни, надзорни и училишни одбори

Нова кавга се случи денеска на седницата на Советот на Град Скопје, каде градоначалничката Данела Арсовска се препукуваше со претседателот на Советот, Трајко Славевски и со советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кои ги нарекуваше „мицковисти“.

„Тој `мицковизам` е рак рана на македонското општество и кога ќе дојдат следните избори треба да дојдете тука заедно со мене и да кажете што сте реализирале, затоа што луѓето многу добро знаат дека овој градоначалник без вашите одлуки не може да спроведе. И вие ветивте 250 автобуси и бесплатен превоз, не ветив само јас, тие се во програмата „За модерно Скопје“ која вие од врата на врата ја промовиравте“ – рече Арсовска.

Арсовска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е на власт во Град Скопје, дека партијата има претседател на Советот но и околу 500 претставници во управни и надзорни одбори и во училишни одбори кои земаат пари од Градот секој месец.

„Вие сте власт во Град Скопје, вие сте причината зошто голем дел од проектите од програмата не се реализирани, затоа што со 1000 опструкции реализиравме 250 проекти, наместо 400. Вие сте причината зошто на овој град не му е подобро сега, затоа што јас сама не можам многу да направам. Ако сакате да не сте власт кажете им на сите ваши членови од управни и надзорни одбори да си дадат оставка. Паушалите не сте ги земале затоа што има сомневање дека вашиот претседател фалсификувал потписи. Кривично ќе одговара оној што овозможил некому да зема пари со фалсификуван потпис, а паушалите ќе си ги земете“ – обвини Арсовска.

На ваквите обвинување реагираше претседателот на Советот, Трајко Славески, најавувајќи дека ќе ја тужи Арсовска за изнесени навреди и клевети.

Треба да знаете
Последни објави