Search

Ученикот кој во Германија уби врсник среде час прво го полил со запалива течност и сакал да го запали

Момчето Матеја З.(15), по потекло од Косово, кое пред три дена го уби својот врсник во училница во германскиот град Офенбург, ги следел вестите за масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, јавуваат германските медиуми.

По убиството во училиштето, се појавија детали од злосторството што ја шокираше Германија. Најшокантниот детал, според Билд, е тоа што Матеја првично планирал да ја запали својата жртва.

Тој пред три дена во училницата со пиштол го застрелал својот врсник Павлос (15), кој неколку часа подоцна починал од здобиените повреди.

Матеја, ученик во деветто одделение, утрото го зел пиштолот на дедо му од заклучениот плакар и отишол на училиште.

Но, како што се испоставува, тој на почетокот имал поинаков план.

„Офенбургер тагеблат“ наведува дека Матеја најпрво ја полил својата жртва среде училница со запалива течност и се обидел да ја запали, но запалката му откажала.

При претресот полицијата во училиштето пронашла шише за кое постои сомневање дека имало запалива материја. Мајката на Матеј наводно во полиција рекла дека единствена запалива течност што ја имаат во куќата е маслото за греење во подрумот.

Таа потврдила и дека пиштолот со кој Матеја го убил Павлос му припаѓал на дедото на момчето и дека бил заклучен.

„Да, оружјето е од нашата куќа, за што сите сме одговорни, но пиштолот бил под клуч“, рече таа, додавајќи дека нејзиниот син никогаш претходно немал врска со оружје.

Таа не можеше да каже кој би можел да биде мотивот за ова грозоморното злосторство.

„Неодамна имаше пукање во училиште во Србија и тој ги следеше вестите. Ги гледаше и тие хорор сцени на ТикТок. Пред два месеци ми кажа дека на ТикТок видел како 14-годишник убил врсник во Лора на Мајна поради долг од 60 евра“, се присети мајката на момчето убиец.

Од полицијата, пак, наведуваат дека мотивот би можел да биде љубомора или насилство од врсници.

Соучениците на убиениот Павлос изјавиле дека тој и Матеја биле заљубени во истото девојче, а мајката слушнала дека дошло до конфликт околу девојчето. Сепак, таа се сомнева дека тоа би можело да биде мотивот.

„Од почетокот на учебната година беше прилично таинствен, речиси и не зборуваше. Сигурно нешто се случило на училиште. Дали има некаква уцена, некаков потсмев? Сето тоа се шпекулации“, рече таа, додавајќи дека со Павлос никогаш не биле пријатели.

На крајот додала дека и било кажано дека може да го види дури на 22 ноември.

Полицијата им ги одзеде мобилните телефони и компјутерите и им изрече привремена забрана за контакт со синот кој е во притвор.

„Жал ми е за момчето и неговото семејство, Матеја е моето единствено дете“, додала мајката.

Треба да знаете
Последни објави