Search

Перничињата за бебињата можат да бидат опасни, по смртта на десетици бебиња во САД ќе се менува нивниот дизајн

Комисијата за безбедност на потрошувачки производи во САД предложи голем редизајн на повеќето подлоги и слични перничиња за доенчиња, наведувајќи 79 смртни случаи од 2010 до 2022 година од кои повеќето се случиле откако бебињата биле ставени да спијат на перниците.

Новите барања ќе важат и за перници за креветчиња, позиционери за глава, перници за доење кои се продаваат како лежалки и други перничиња за поддршка за доенчиња.

Предложените мерки за безбедност ќе бараат перничињата за потпора за доенчиња да бидат цврсти како душек за креветче и ефикасно да ја ограничат висината на ѕидовите на перницата на помалку од 5 сантиметри. Промените имаат за цел да го намалат ризикот бебињата да се задушат на подлогата или да ги заглават нивните тела во положба што може да им го стегне дишењето, напишааод Комисијата.

Предлогот следи по истрагата на NBC News која покажа дека најмалку 25 смртни случаи биле поврзани со подлоги за бебиња од 2015 година, според федералните бази на податоци, извештаите од обдукцијата, тужбите и другите записи, што доведе до повици од двајца пратеници да ги „елиминираат“ лежалките целосно. Бројката од 79 смртни случаи опфаќа подолг временски период и вклучува поширок опсег на перничиња за поддршка на доенчиња.

Производителите ги бранеа своите производи како безбедни кога се користат како што е предвидено, додека бебињата се будни и надгледувани.

Препораките доаѓаат две години откако Комисијата и The Boppy Company отповикаа повеќе од 3 милиони Boppy лежалки за доенчиња, наведувајќи осум смртни случаи на доенчиња кои наводно се задушиле откако биле ставени во производот.

Оттогаш, повеќе бебиња умреле во Boppy Newborn Lounger и лежалки направени од други компании, покажа истрагата на NBC News.

Според д-р Рејчел Мун, претседател на работната група на Американската академија за педијатрија за синдром на ненадејна смрт на доенчиња, иако лежалките се продаваат за период кога бебињата се будни, новороденчињата можат брзо да заспијат во пријатен производ налик на перница.

Мун рече дека се сомнева дека 79-те смртни случаи се „огромно потценување“, бидејќи пријавувањето смртни случаи во агенцијата е доброволно.

Бебињата може да се задушат ако ги стават своите лица во обложени површини на лежалките. Тие, исто така, може да се задушат ако се заглават во положба што го спречува дишењето, како на пример кога брадата на доенчињата им паѓаат на градите или кога нивните тела се наведнуваат наназад, намалувајќи го протокот на кислород. Смртта од асфиксија може да се случи за само три минути, потенцираа од Комисијата во меморандумот што ги придружуваше препораките.

Треба да знаете
Последни објави