Search

Кулеба од ЕУ побара поголема воена помош за Киев и повеќе санкции за Москва

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, денеска на седницата на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ, побара во Киев да биде испратена поголема воена помош, а Русија побрзо да го добие 12-тиот пакет санкции.

Министерството за надворешни работи на Украина соопшти дека Кулеба изјавил дека помошта е неопходна за Украина за да може да ја обезбеди „победата на цела Европа“, објави Гардијан.

„Важни се сите видови војници, но само кога пешадијата ќе влезе во селото, територијата се ослободува, што на крајот ја менува ситуацијата на фронтот, потоа ги менува насловите на медиумите, а подоцна и политичките одлуки“, рече тој пред своите колеги од ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави