Search

Ирина Шајк откри зошто се чувствувала како да е „родена во погрешно тело“

Ирина Шајк искрено зборуваше зошто порано се чувствувала како да е „родена во погрешно тело“.

37-годишниот супермодел се отвори за своето детство и за односот со нејзините родители во интервјуто за „Ел“. Таа откри колку била фокусирана на своето семејство на 14-годишна возраст, откако нејзиниот татко починал од компликации од пневмонија.

„Татко ми отсекогаш сакаше да има момче“, рече таа. „Тој не сакаше, но кога умре, се чувствував дека морам да се грижам за семејството“.

Манекенката продолжи да се присетува како често се чувствувала како момче кога била дете, бидејќи не уживала да носи облека за девојчиња.

„Отсекогаш мислев дека сум родена во погрешно тело“, рече таа. „Мразев да бидам девојка. Не сакав да бидам момче, но се чувствував дека: „Не му припаѓам на моето тело“.

Ова не е прв пат Шајк, која почна да се занимава со манекенство на 14 години, да ги сподели своите искрени мисли за нејзиниот изглед и кариера.

За време на нејзиното интервју за „Ел“, Шајк која има шестгодишна ќерка Леа со поранешниот партнер Бредли Купер, рече дека била критикувана од агентите за за нејзиниот изглед. Таа се присети како, непосредно пред да наполни 20 години, слушнала како кастинг директорите шепотат за нејзините облини и тонот на кожата.

Таа рече дека не си вели „О, боже, јас сум толку совршена“ кога се буди, туку дека се критикува себеси за тоа како изгледа.

Се будам и велам: „Можеби е време да одам во теретана, имам целулит“, рече таа. „Јас сум многу критична кон себе. Јас сум Јарец и затоа сакам да се туркам себеси да направам подобро“.

Треба да знаете
Последни објави