Search

ИД: Команден центар на Хамас пронајден под детската болница во Газа

Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари вели дека елитната единица командоси извршиле рација во детската болница Рантиси во градот Газа и дека таму се криеле оперативците на Хамас. Тој вели дека штотуку се вратил од болница, откако снимал таму и дека ИДФ има докази што укажуваат дека таму биле држени заложници.

„Под болницата, во подрумот, најдовме команден и контролен центар на Хамас, елеци со самоубиствени бомби, гранати, автомати АК-47, експлозивни направи, РПГ и друго оружје, компјутери, пари итн“, изјави Хагари на прес-конференција.

„Најдовме и знаци кои укажуваат дека Хамас овде држел заложници“, кажа тој, додавајќи дека „тоа моментално е под истрага“, но дека ИДФ има разузнавачки информации за да го потврди тоа.

Хагари кажа дека ИДФ работеше на тоа да овозможи безбедна евакуација на пациентите од болницата во текот на минатата недела, како и од другите болници во северна Газа.

Треба да знаете
Последни објави