Search

Зошто луѓето се фасцинирани и по повеќе од 110 години од Титаник

Фасцинација на луѓето за потонатиот брод „Титаник“ и по повеќе од 111 години не стивнува. Мени за вечера во ресторанот на бродот кое датира од кобниот ден, денес достигна неверојатни 75.000 евра на аукција. Свежо е и сеќавањето од пред само неколку месеци кога пет лица загинаа при катастрофална имплозија на подморница на пат кон остатоците од бродот.

„Титаник“ е само еден од многуте потонати бродови што лежат во длабоките и непријателски води на Атлантскиот Океан. Турбулентниот океан предизвикал многу повеќе поморски катастрофи отколку судирот на сантата мраз при што потона „Титаник“ и доведе до смрт на 1.517 луѓе, на првото патување на бродот во 1912 година.

Сепак, „Титаник“ е бродот што постојано ги привлекува луѓето. Историската трагедија инспирира романи, филмови и просперитетна туристичка индустрија со музеи и изложби кои привлекуваат стотици илјади посетители годишно. Зошто „Титаник“ е толку фасцинантен за луѓето?

„Голем дел од магнетизмот на „Титаник“ доаѓа од дрскоста и гламурот“ вели Брент Мекензи, професор на канадскиот Универзитет во Гелф и автор на „Мрачниот туризам: Дали медиумот сè уште е порака?“

„Фактот што биле изгубени толку многу животи, дека бродот бил „непотопен“ и дека на него имало познати луѓе, се чини дека буди постојан интерес“, вели Мекензи.

За време на првото патување, „Титаник“ удрил во санта мраз во Северниот Атлантик пред полноќ на 14 април 1912 ситни и потонал два часа и четириесет минути подоцна, на 15 април. Тоа бил голем шок за јавноста, особено што потонувањето завршило со огромни загуби од 1517 патници, што е една од најголемите поморски цивилни несреќи.

Треба да знаете
Последни објави