Search

Во Исланд денеска се регистрирани околу 900 земјотреси

Додека Исланд се подготвува за можна голема вулканска ерупција, во последните неколку недели се забележани десетици илјади земјотреси, а на југот на оваа островска земја само денеска се регистрирани околу 900 земјотреси, објавија локалните власти и потврдија дека речиси 4.000 луѓето беа евакуирани во текот на оваа недела.

„Во моментов се соочуваме со огромна неизвесност: дали ќе има ерупција и ако има колкава ќе биде штетата“, изјави Метју Џејмс Робертс, раководител на истражување во Метеоролошката служба на Исланд.

Жителите на градот Гриндавик опишаа како ги напуштиле своите домови во раните утрински часови во саботата за време на земјотресот што создаде пукнатини на патиштата и ја оштети структурата на станбените згради.

Речиси сите жители на овој град престојувале кај членовите на семејството или пријателите.

Полуостровот Рејкјанес, кој се наоѓа југозападно од главниот град Рејкјавик, е добро познато вулканско и сеизмичко жариште.

Во март 2021 година, лавата спектакуларно изби од пукнатина во земјата широка помеѓу 500 и 750 метри во областа на вулканските системи Фаградалсфјал.

Треба да знаете
Последни објави