Search

Борел: Мора да изградиме палестинска држава, нема да се дозволи окупација на Газа

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, изјави дека решението за конфликтот на Блискиот Исток е изградба на палестинска држава.

Тој рече дека ова решение на две држави, Израел и Палестина, го гледа како единствено.

„Драматичната криза што ја доживуваме, високата цена на животот на Израелците и Палестинците, покажува политички и морален неуспех на меѓународната заедница. Не успеавме да најдеме решение за ситуацијата. Ова треба да биде повод луѓето да разберат дека треба да се донесе решение и тоа треба да биде на две држави во иднина. Тоа нема никаква врска со обновата на Газа. Тоа го направивме неколку пати. Мора да изградиме држава за Палестинците“, рече Борел на прес-конференција по средбата со министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој порача дека ЕУ треба повеќе да се вклучи во ова прашање и дека во наредните денови ќе отпатува во регионот.

Борел рече дека им предложил на министрите рамка за мирно решение.

Тој истакна дека нема да се дозволи принудно раселување на Палестинците од Газа, нема да се дозволи намалување на територијата на Газа или повторно окупација на Газа, а не треба да се дозволи враќање на Хамас во Газа.

Тој рече дека предлага да има моќна палестинска управа која ќе управува и дека оваа власт треба да има голема поддршка. Борел притоа потенцираше дека не може да има решение без поголема посветеност на арапските држави.

„Не можеме да плаќаме само за физичка реконструкција. Мора да има голем политички придонес за изградбата на палестинската држава“, рече Борел, кој призна дека ЕУ не се ангажирала многу во овој процес и дека решението им го оставила на САД. , но сега ќе биде повеќе вклучена.

Треба да знаете
Последни објави