Search

Албанија: Градоначалникот на Кучово пред разрешување, Грција потврдила дека бил осудуван

На барање на албанското специјално обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, грчкото министерство за правда потврдно одговорило дека градоначалникот на Кучово, Крешник Хајдари, бил осудуван во оваа земја.

Во одговорот министерството ја доставило одлуката на судот во Јанина, со која Хајдари во 1999 година бил кривично осуден под обвинение за „илегално влегување на грчка територија“.

Врз основа на овој нов развој на настаните, се очекува Централната изборна комисија да одржи расправа, по што ќе следува соодветна постапка врз основа на законот.

На крајот на јуни СПАК, објави дека е почната истрага против градоначалникот Хајдари, поради „фалсификување податоци во формуларот за декриминализација”.

-Сомнежите се дека и покрај тоа што Централната изборна комисија не го спречила да се кандидира, СПАК води истрага против него за фалсификување на формуларот за декриминализација. Хајдари, затскрил дека судот во грчкиот пограничен град Јанина го осудил со парична казна во износ од 1.500 драхми и мерка протерување, под обвинението „нелегално преминување на границата“, пренесоа тогаш медиумите.

Тоа што го сомничи Хајдари во овој случај е фактот што тој не ја пријавил оваа казна во формуларот за декриминализација. Идентичен беше случајот со ексградоначалниците на Малакастра, Ќерим Исмаилај и на Вора, Агим Кајмаку, кои исто така биле осудувани во Грција, по што беа разрешени.

По објавувањето на веста за истрагата, реагираше Хајдари рече дека одлуката против него е административна и затоа не е задолжителна за изјаснување и дека на 17- годишна возраст заминал во Грција, додавајќи дека „Сали Бериша (тогаш премиер) бил виновен за тоа“.

Како кандидат на владејачката Социјалистичка партија, Хајдари, беше реизбран за градоначалник на изборите на 14 мај.

Треба да знаете
Последни објави