Search

Челзи и Манчестер сити ремизираа во меч со – осум голови

Спектакуларен натпревар на „Стемфпорд Бриџ“ одиграа Челзи и Манчестер сити (4:4) во 12. коло од англиската фудбалска премиерлигашка конкуренција. Актуелниот шампион Манчестер сити беше поблиску до победата, која ќе беше седма по ред во пресметките со „сините“. Но, не им помогна ниту фактот што дури трипати беа во водство, бидејќи домаќините во судиското продолжение од пенал погодија за да го избегнат поразот. Според прикажаното, пресврти, возбуда и осум погодока оваа претстава може да се прогласи за најдобра во последните пет-шест сеозни во Премиер лигата.

Гостите поведоа со гол од пенал на Халанд во 25. минута, но по само четири минути Силва изедначи на 1:1, а Стерлинг погоди за пресврт од 2:1 во 37. минута. Во финишот на првиот дел Аканџи донесе ново израмнување (2:2), а веќе на стартот од вториот дел Халанд со својот втор гол обезбеди нова предност за Манчестер сити. Џексон искористи лоша интевенција на Едерсон за ново израмнување (3:3) во 67. минута. Возбудувањата не завршија тука. Тиаго Силва во обид да блокира еден шут на Родри си ја затресе сопствената мрежа (3:4) и кога се чинеше дека Манчестер сити ќе слави победа, домаќините од пенал во судиското надополнување, преку Палмер поранешниот играч на „граѓаните“ го избегнаа поразот. Манчестер сити со овој бод одново е осамен на врвот од табелата со 28 бодови по 12 премиерлигашки кола, еден повеќе од Ливерпул и Арсенал, а два повеќе од Тотенхем. Челзи, пак, се искачи на десеттата позиција со 16 бодови.

Треба да знаете
Последни објави