Search

Таксист нападнал штипјанка во Скопје

Во полициската станица Аеродром, ноќеска околу 02 часот, 27-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01,20 часот под Железничка станица Скопје, била нападната од таксист. По претходно недоразбирање, таа били физички нападната во такси возило „рено“ со скопски регистарски ознаки од страна на такси возач А.М. (26) од Скопје.

Од МВР соопштуваат дека се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави