Search

Седлоски седнува на клупата кај Работнички

Трофејниот македонски фудбалски стратег Гоце Седлоски во текот на неделава ќе ја преземе екипата на Работнички, откако успешно ги завршиле преговорите со раководството на прволигашот од Градскиот Парк. Седлоски на клупата кај „романтичарите“ ќе го наследи Милан Илиевски, кој неодамна доби отказ поради слабите резултати. Работнички по смената на Илиевски времено беше предводен од Горан Станиќ под чие водство врза две првенствени победи и најави пробив кон горниот дел од табелата.

Седлоски кој имаше богата играчка кариера, беше првиот македонски репрезентативец кој го „отвори клубот 100“, како тренер на домашната сцена ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Шкупи, а надвор работеше во летонска Рига, Широки брег во БиХ, вториот тим на повеќекратниот хрватски првак Динамо Загреб и албанската Влазнија. Седлоски беше и в.д. селектор на најдобрата македонска репрезентација, откако беше дел од стручниот штаб на селекторот Џон Тошак.

Новите сопственици на Работнички, турскиот „Џевахир“ имаат амбиции да создадат тим кој ќе води главен збор на домашната сцена и ќе биде редовен учесник во европските клупски натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави