Search

Полицијата со летоци ги информираше возачите за задолжителна зимска опрема

Задолжителната зимска опрема за возилата почнува од 15 ноември. По тој повод денеска полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Штип со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип, спроведоа превентивно едукативна активност кај наплатната станица кај село Кадрифаково, светиниколско и на повеќе локации во централното градско подрачје.

Во соопштението на СВР-Штип се вели дека на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста и обврската за поседување и носење на зимска опрема во возилата под мотото „Биди подготвен за безбедно патување во зима“, со цел зголемување на севкупната безбедност во сообраќајот.

Треба да знаете
Последни објави