Search

Путин со воениот врв го посети фронтот во Ростов на Дон

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше за ситуацијата на фронтот со своето воено раководство за време на посетата на штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон.

Путин во Ростов на Дон, кој е на помалку од 100 километри од југоисточната граница на Украина, го пречекаа министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов.

Кремљ соопшти дека за време на неговата посета на фронтот, рускиот претседател бил „запознаен со нови видови воена опрема“ и информиран за текот на војната.

Покрај Шојгу и Герасимов, Путин разговараше и со генералот Сергеј Рудској, началник на Главната оперативна управа на Генералштабот, во штабот на јужната воена група во Ростов.

Путин ја оствари посетата на враќање од патувањето во Казахстан. Тој и минатиот месец го посети воениот штаб во Ростов, каде што шефот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин, во јуни го почна неуспешниот краткотраен бунт.

Треба да знаете
Последни објави