Search

Булдожер на израелските сили почна да урива куќа на Палестинец, следуваше силна експлозија

Булдожер управуван од израелските одбранбени сили (ИДФ) наишол на експлозив додека се обидувал да урне куќа на Западниот Брег.

„Инженерските сили открија експлозиви наменети да им наштетат на нашите сили во бегалскиот камп во Џенин“, се вели во ажурираната објава.

Се појави и видео на кое се гледа моментот кога еден од булдожерите наидува на експлозија. Следеа судири, при што ИДF употреби дрон за да ги елиминира „вооружените Палестинци“.

Дополнителни извештаи велат дека двајца Палестинци биле убиени во судирите кои следеле, иако тоа не е потврдено.

На локацијата каде што се случи експлозијата беа испратени булдожери по наредба на израелската централна команда да ја урне куќата на Дауд Фаиз. Израелците тврдат дека Фаиз убил израелски војник откако удрил со неговиот автомобил во него, на почетокот на оваа година.

Уривањето на семејните домови е традиционална израелска казна, особено користена во таканаречените „терористички“ случаи. Израелскиот комитет против уривање на куќи проценува дека Израел урнал 55.048 палестински објекти од 2022 година, пишува Скај Њуз.

Треба да знаете
Последни објави