Search

УО на Водовод и канализација со членовите од ВМРО ДПМНЕ усвоија одлука со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието

На седница на Управниот одбор на ЈП Водовод и Канализација, претседателот на Управниот одбор Идриз Орана со членовите од ВМРО-ДПМНЕ усвоија одлука со која им се прекинува работниот однос на привремено вработените во претпријатието, се вели во соопштението од јавното претпријатие испратено од директорот Драган Илиевски и додава:

-Во исто време ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за превработеноста во претпријатието од времето на нивното владеење, кога станува збор за вработувања на административните позиции на кои се наоѓаат нивните партиски војници. И додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа.

Секако, за ВМРО-ДПМНЕ воопшто не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП Водовод и канализација до секој дом во главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот „клати врата, земај плата“.

Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП Водовод и канализација кои со години работат во ова претпријатие. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка е да се предизвика нов хаос во градот Скопје, притоа воопшто не грижејќи се за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода. За ВМРО-ДПМНЕ единствено е важен партискиот и политичкиот интерес.

Треба да знаете
Последни објави