Search

Неготино одбележа 79 години од ослободувањето на градот

Неготино денеска одбележа 79 години од ослободувањето. Активностите за одбележување на празникот на градот започнаа со положување цвеќе на спомен-бистите на паднатите борци од НОБ со што, како што беше кажано, се потсети и се оддаде почит за дадените животи за слободно Неготино и слободна Македонија, како и за сите борци кои следејќи ги идеалите за слободна и независна држава, дале придонес пред 79 години, Неготино да биде ослободено од фашистичките окупатори. 

Советот на Општината ја одржа свечената седница. 

-Секоја генерација мора да ги исполни своите обврски, а не да им ги остава на следните, па токму затоа во изминатиот период помеѓу двата празника реализиравме, спроведуваме и ќе продолжиме со реализација на проекти и активности со кои придонесуваме и ќе придонесеме за подобрување на условите за живеење на сите граѓани на општина Неготино, рече неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. 

На свечената седница се одржа и свечен коцерт со настап на ученици од основното музичко училиште „Владимир Арсовски“.

Треба да знаете
Последни објави