Search

Пивара Скопје е пример за успешна и општествено одговорна компанија која секогаш се грижиза своите потрошувачи и купувачи

Пивара Скопје АД денеска им беше домаќин на Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и
на Mинистерот за економија Крешник Бектеши.

На средбата со менаџментот на компанијата, генералниот директор Душан Митрев истакна дека
Пивара Скопје како македонска компанија со стогодишна традиција на пазарот и во исто време
дел од корпоративните семејства на Coca Cola HBC и Heineken, секогаш градела и негувала
меѓусебна соработка и партнерство со институциите во конструктивен дух, што ќе продолжи да го
прави и во иднина.

Како општествено одговорна компанија со високи корпоративни стандарди, Пивара Скопје
целосно го усогласува своето работење со сите законски прописи и без исклучок ги почитува сите
важечки мерки и одлуки.

Менаџментот на Пивара Скопје ја поздрави подготвеноста на Владата и особено на
Министерството за економија за аргументиран дијалог со бизнис заедницата, а сè со цел
изнаоѓање заеднички решенија кои се пред сè во интерес на граѓаните, притоа истакнувајќи дека
потрошувачите и достапноста на производите остануваат примарен фокус на сите активности на
компанијата.

Треба да знаете
Последни објави