Search

Снежна бура во Кина: училиштата затворени, стотици летови откажани

Невообичаено студено време и снежни виулици денеска го погодија североисточниот дел на Кина, поради што стотици летови беа откажани и училиштата беа затворени, додека на жителите им се препорачува да останат дома.

Кинеската метеоролошка управа предупреди на драстичен пад на температурите во наредните денови, заедно со снежни виулици, објавија кинеските државни медиуми.

Кинеската провинција Хејлонгџијанг доцна во неделата издаде црвен метеоролошки аларм, бидејќи денеска во некои градови се очекува да паднат снег од 20 до 40 милиметри со силен ветер, објави Ројтерс.

Поради екстремно студеното време, градските управи во Пекинг и Тијанџин ги прават подготовките грејната сезона да започне порано од вообичаено.

Централната метеоролошка управа соопшти дека во текот на оваа недела се очекува спуштање на температурата под нулата во североисточна Кина.

Треба да знаете
Последни објави