Search

Приведено лице од ресенско, пронајдени бесправно исечени дрва

Денес во с.Сурленци, ресенско, полициски службеници од СВР Битола- ОВР Ресен го лишиле од слобода М.Т. (47) од с.Сурленци, ресенско.

При тоа биле пронајдени и одземени исечени околу 11 м3 огревни дрва, кои се предадени на Шумската полиција за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави