Search

Дали знаете кои животни убиваат најмногу луѓе секоја година?

Не се ајкули, ни крокодили, ниту лавови. Животното кое директно или индиректно убива најмногу луѓе годишно е комарецот. Комарците се носители на маларија, вирусот Зика, вирусот Западен Нил и неколку други болести кои заедно убиваат околу 725.000 луѓе годишно.

Гледајќи само случаи на убиства, човекот е втора најголема причина за смрт од својот вид. Во просек годишно се случуваат околу 400.000 убиства.

На трето место се змиите кои предизвикуваат околу 138.000 смртни случаи годишно.

Иако нападите на кучиња врз луѓето не се ретки, тие генерално немаат фатални последици. Сепак, кучињата се најголеми носители на беснило, што резултира со 59.000 смртни случаи годишно.

Стениците ја пренесуваат Шагасовата болест, која може да биде фатална за луѓето. Годишно се регистрираат околу 10.000 смртни случаи.

На шесто место е скорпијата (во просек 3.300 смртни случаи), потоа крокодилот (во просек 1.100 смртни случаи), слонот (просечно 600 смртни случаи), нилскиот коњ (просечно 500 смртни случаи) и лавот ( просек од 200 смртни случаи).

Треба да знаете
Последни објави