Search

Фила: СПС ќе излезе самостојно на изборите во Србија

Функционерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), познатиот адвокат со потекло од Битола, Тома Фила изјави дека партијата чиј лидер е Ивица Дачиќ на претстојните избори ќе излезе самостојно и со своја изборна листа, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сами ќе се излеземе со избирачки список, јас секогаш бев за тоа, но коалицијата (со СНС) ќе остане иста како и досега, изјави тој.

Фила рече дека денеска главниот одбор на СПС ќе донесе одлуки за претстојните избори и додаде дека и Српската напредна странка (СНС) ќе има своја листа.

-Да се споеја во заедничка листа можеби би испровоцирале некои гласачи на СНС кои не сакаат да гласаат за нас или спротивно, би ги испровоцирале гласачите на СПС кои не сакаат да гласаат за СНС, рече Фила.

Тој додаде дека е од југ, а таму, како што вели, кога ќе се омажи девојката мора да се знае кој е миразот и што донесува со себе.

-Нашиот мираз што го носиме е околу 11 отсто од нашите гласови, додаде Фила.

Одговарајќи на информациите во медиумите дека СПС може да биде добар партнер и на опозицијата, Фила рече дека „тие што не викаат се антиевропски и дека се почнало кога Ивица Дачиќ не сакал да се слика пред косовското знаме (Тирана)“.

Тој нагласи дека не е за тоа Србија да се откаже од членството во Европската унија (ЕУ), но како што додаде, треба да се искористат средствата од претпристапните фондови, без разлика што се работи за помали суми.

-Јас сум за патот на Србија кон ЕУ и да дури 99 отсто од она што го бара европската заедница од нас е добро за српскиот народ и за сите нас. Но, мислам дека кога ќе исполниме се што ќе побараат од нас, тогаш самите треба да одлучиме дали ќе влеземе или не во ЕУ и да тоа треба да биде наша волја, рече Фила.

Тој додаде дека СПС останува проевропска партија.

Фила изјави дека мисли оти Србија нема да влезе во ЕУ, и тоа не поради нас туку поради нив, затоа што имаат проблеми сами со себе и што им требаат балканските земји кои веќе имаат проблеми.

Тома Фила на последните избори во Србија беше кандидадт на СПС за градоначалник на Белград и во изјавата за МИА кажа дека ако успее во тоа би бил првиот Македонец градоначалник на главниот град на Србија.

Треба да знаете
Последни објави