Search

Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Чикаго

Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.

-Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.

-Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението. 

Треба да знаете
Последни објави