Стотици луѓе се собраа во Тел Авив за да бараат од Израел да направи повеќе за ослободување на заложниците

„Донесете ги дома сега! Донесете ги дома денес!“

Тоа се зборовите што одекнуваат пред израелското Министерство за одбрана во моментов, каде што стотици луѓе ја повикуваат израелската влада да стори повеќе за да ги врати дома нивните најблиски земени како заложници од Хамас, објави NBC News.

На толпата гласови кои го повикуваат израелскиот министер за одбрана да излезе и да се сретне со семејствата, се придружува и Ајелет Самерано, чиј син беше земен од Хамас на 7 октомври.

„Сакавме да му кажеме дека првата мисија за него е да ги врати назад“.

Ајлет рече дека сака владата „да се согласи да ги ослободи сите затвореници да се вратат во Газа“ во замена за нејзиниот син и другите земени како заложници, став што го повторија и другите семејства овде.

Таа рече дека сака гаранција од израелската влада дека прави „се што може за да ги врати назад“.

Треба да знаете
Последни објави