Најмалку 32 лица загинаа во пожар во рудник во Казахстан

Најмалку 32 рудари загинаа, а по 14 сè уште се трага по пожар во рудник со кој управува француската компанија „Арселор Митал“ во Казахстан, соопштија властите.

– Во 16 часот по локално време (12 часот по средноевропско време) во рудникот Костенко се пронајдени телата на 32 лица, а потрагата по уште 14 рудари продолжува, соопшти Министерството за вонредни состојби.

Регионалните власти синоќа известија дека избувнал пожар во рудникот Костенко, недалеку од градот Караганда.

Филијалата на Арселор Митал, светскиот гигант за производство и трговија со челик, претходно соопшти дека во рудникот во моментот на пожарот биле 252 рудари, а 208 излегле.

Ова е најтешката несреќа во рудник во Казахстан од 2006 година, кога 41 рудар ги загубија животите исто така во рудник на Арселор Митал, а втора смртоносна несреќа во рудник на Арселор Митал во последните два месеци, откако петмина рудари загинаа во средината на август во таа област.

Треба да знаете
Последни објави