Search

Шведска го протера Ирачанецот кој го запали Куранот

Шведската агенција за миграција одлучи да депортира Ирачанец кој запали копии од Куранот на демонстрациите одржани во Стокхолм во последните месеци, објавија денеска шведските медиуми.

ТВ4 јавува дека Агенцијата за миграција одлучила да го протера лицето од Шведска, но му одобрила дозвола за привремен престој до април следната година поради „компликации во спроведувањето на одлуката“, пренесува Ројтерс.

Неколку палење на муслиманската света книга ги предводеше Салван Момика, бегалец од Ирак, кој рече дека сака да протестира против целата институција на исламот и повика на забрана на Куранот.

Во август, Шведска ја подигна тревогата за тероризам на второ највисоко ниво и предупреди на зголемени закани за Швеѓаните дома и во странство, откако палењето на Куранот предизвика бес кај муслиманите.

Антиисламските активисти запалија неколку копии на Куранот во Шведска и Данска, две од најлибералните земји во светот, кои дозволуваат остра критика на религијата во име на слободата на говорот.

Многу муслимани сметаат дека сквернавењето на Куранот, кој го гледаат како буквален збор Божји, е сериозен прекршок.

Треба да знаете
Последни објави