Search

Хамас тврди дека речиси 50 заложници биле убиени во израелските напади врз Газа

Речиси 50 израелски заложници кои ги држеше Хамас во Појасот Газа се убиени во израелски бомбашки напади на таа палестинска територија, тврди денеска портпаролот на вооруженото крило на Хамас, Абу Убеид, пренесува Гардијан.

„Бригадите Ал-Касам проценуваат дека бројот на ционистички затвореници кои беа убиени во Појасот Газа како резултат на ционистичките напади и масакри достигна речиси 50“, рече тој во изјавата објавена на неговиот канал на Телеграм.

Претходно израелската војска објави дека 224 лица биле киднапирани од Хамас за време на нападот на 7 октомври.

Во меѓувреме, милитантната палестинска група ослободи четворица заложници „од хуманитарни причини“.

Израелската влада вчера објави дека повеќе од половина од приближно 220-те заложници кои ги држи Хамас имаат странско државјанство и доаѓаат од 25 различни земји.

Меѓу нив има дури 54 тајландски државјани, кои се чести работници во Израел.

Треба да знаете
Последни објави