Search

Санчез предлага меѓународна мировна конференција за конфликтот на Блискиот Исток

Шпанскиот премиер во технички мандат Педро Санчез денеска предложи во рок од шест месеци да се одржи меѓународна мировна конференција за конфликтот на Блискиот Исток, со цел да се реши војната меѓу Израел и Хамас.

-Предлагаме да се одржи меѓународна мировна конференција во рок од шест месеци за да се почувствува вклучена целата меѓународна заедница и да можеме дефинитивно да најдеме решение со две држави за Израел и Палестина, рече Санчез во Брисел.

Санчез повика и на хуманитарен прекин на огнот за да може да се достави помош до Појасот Газа

Треба да знаете
Последни објави