Search

Москва: Разговори со претставници на Хамас за ослободување на сите заложници

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека во разговор со претставници на палестинското движење Хамас во Москва се разговарало за ослободување на заложниците и евакуација на Русите од Појасот Газа.

Во соопштението се наведува дека на разговорите во Москва бил и членот на Политбирото на Хамас, Абу Марзук, кому му било кажано дека Русија е за итно ослободување на странските заложници во Појасот Газа, пренесува Тас.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека e потврдена „непроменливата позиција на Русија во корист на спроведувањето на познатите одлуки на меѓународната заедница, вклучително и релевантните резолуции на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН, кои предвидуваат создавање на суверена палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град во источен Ерусалим“.

Треба да знаете
Последни објави