Search

Фолксваген од 1 јануари повеќе нема да продава бензинци и дизел автомобиливо една богата земја

Норвешка е земја која често ја нарекуваме лидер во областа на електрификацијата бидејќи е земја која може да биде прва во Европа која купува исклучиво електрични возила.

Сé уште не е познато кога тоа ќе се случи, но судејќи според најновиот потег на европскиот автомобилски гигант Volkswagen, нема да треба долго да чекаме за комплетната транзиција на електрична енергија.

Електричните возила веќе сочинуваат повеќе од 20 отсто од сите патнички возила во Норвешка и 84 отсто од сите новорегистрирани возила.

Ако ги броиме и plug-in хибридите, бројката се искачува на 90 проценти – пишува Electrek.

Норвешката влада планира да ја забрани продажбата на сите возила со мотори со внатрешно согорување во 2025 година.

Møller Mobility Group, увозникот на Volkswagen за Норвешка, штотуку го потврди планот за укинување на нарачките за автомобили со мотори со внатрешно согорување во земјата до крајот на тековната година.

После тоа, увозникот на германската марка ќе ги продава само своите електрични модели.

Улф Торе Хекнеби, управен директор на увозникот Фолксваген, го објасни потегот на неговата компанија:

„Нашата компанија увезува модели на Фолксваген во Норвешка од 1948 година, а во текот на изминатите 75 години приближно 1,1 милион автомобили го најдоа својот пат до норвешките клиенти. Во текот на изминатите десет години, увезовме повеќе од 102.000 електрични автомобили во Норвешка. Норвежаните сакаат решенија погодни за климата, широк избор на електрични автомобили во сите сегменти, а целта на откажувањето на понудата на мотори со внатрешно согорување е да се поттикнат промените за кои веруваме дека се од клучно значење. Како збогум на фосилните горива, последниот Volkswagen Golf ќе биде испорачан на крајот на годината. Тој голф на многу начини означува крај на една ера, но и почеток на нова и поважна ера во која ние ќе бидеме дел од решението – а не проблемот – заклучи Хекнеби.

Треба да знаете
Последни објави