Search

УНРВА ќе ја прекине работата во Појасот Газа доколку не пристигне гориво

Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека ќе биде принудена да престане да работи во Појасот Газа, освен ако не дојде до испорака на гориво на територијата зафатена од војна.

Доколку итно не се набави гориво, ќе бидеме принудени да ги прекинеме нашите операции во Појасот Газа од утревечер, објави УНРВА на социјалната мрежа Х. 

Во меѓувреме, Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти дека од 7 октомври убиени се над 5.000 луѓе, меѓу кои 2.055 деца. 

Треба да знаете
Последни објави